Македонија денеска платила аванс за 833.000 дози на анти-ковид вакцина
Ќе има доволно дози на вакцини за населението. Државата нема да штеди пари за набавка на вакцини, порача вечерва премиерот Зоран Заев.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На гостувањето во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма, премиерот соопшти дека денеска е платен авансот за 833.000 вакцини кои ќе бидат набавени преку Ковакс системот, а обезбедена е и гаранцијата за останатиот дел од парите што треба да се платат по пристигнувањето на вакцините.
– Денес на Влада мина обезбедувањето на гаранцијата која по пат на јавна аукција ја понудија повеќе банки. Победи Комерцијална банка со најниска провизија за останатите седум и пол милиони евра кои ќе треба да ги доплаќаме кога ќе стигнат вакцините. Организирани се и најмалку девет фирми кои ги имаат обезбедено сите услови за чување на вакцините, рече Заев.
Освен преку Ковакс системот, побарани се и 800.000 вакцини од 100-те милиони вакцини што Европската Унија (ЕУ) ги набавува за земјите од Европа кои не се членки на Унијата, а одредена количина, премиерот очекува и од Грција, која, како што рече, набавила вакцини за себе, но и за Северна Македонија и за Албанија.
Вакцинирањето ќе оди оди исто како и во останатите држави – прво здравствените работници, повозрасните граѓани и хронично болните.
– За нас е многу важно кога вакцината ќе стигне во Европа, да стигне и кај нас, нагласи Заев во интервјуто за телевизија Телма.


