Македонец во Бејрут: Силно ги гушнав децата, пукнаа и прозорците низ кои имаше метална мрежа

Неофицијално во Бејрут живеат двајца Македонци, а Душко е еден од нив. Станот на неговото семејство е на само 2 километра од пристаништето каде што се случи катастрофалната експлозија

Голем страв за себе и за своето семејство проследен со инстинкт за преживување биле првите чувства со кои се соочил Душко Ристовски, еден од веројатно двајцата Македонци што живеат во Бејрут, Либан, во првите моменти од експлозијата на пристаништето која пред два дена го потресе целиот свет, а во која загинаа најмалку 113 луѓе. Tие не се меѓу повредените.

Потресни сведоштва од Бејрут: „Видов војна, снимав војна, ова е апокалипса“(ФОТО+ВИДЕО)

Како се одвивала целата драма, Душко емотивно раскажа за Факултети.мк.

Тој живее на само два километри од местото каде што се случила експлозијата.

Сателитска слика од Бејрут пред и по експлозијата / 4 – 5 август 2020 / Фото: -HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Пукаа сите прозорци во станот, дури и оние со метална мрежа.

СТРАОТНИ СНИМКИ ОД БЕЈРУТ, небото се затемни, луѓето преплашени: Најмалку 30 загинати и повеќе од 500 повредени (ВИДЕО)

Беше 18 часот и 15-ина минути. Се подготвував да излезам. Одеднаш се слушна силен звук и тресење на зградата, слично на земјотрес. Ги зедов децата и ги одвлеков да застанеме под вратата, каде што сметав дека е најбезбедно. Во тој момент само силно ги гушнав. Не знаев што друго да направам. За десетина секунди повторно се слушна силен звук и тресење, можеби петпати појако од претходното. Тогаш почнаа да пукаат сите прозорци од станот. Насекаде имаше стакло. Замислете, пукнаа и прозорците низ кои имаше метална мрежа. Тогаш сфатив дека не е земјотрес – вели Душко.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Само бомбите во Хирошима и Нагасаки биле со поголема моќност од експлозијата во Бејрут (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот