Македонец ќе ги води светските шампионки во фудбал! (ФОТО)

twitter.com/9ijaNews

Уште од претходно се најавуваше дека Влатко Андоновски е помеѓу кандидатите за преземање на американската женска репрезентација која е актуелен светски шампион во фудбал.

Како што пренесува „Спортс Илустрејтед“, Македонецот е подготвен да биде промовиран како нов селектор в понеделник во Њујорк Сити.

Тој живее во САД, како играч ги бранеше уште боите на Канзас сити кометс, во 2002 година беше прогласуван за најдобар одбранбен фудбалер, а три години подоцна и за најкорисен играч.

Како тренер во изминатите две сезони го водеше Рејн во националната лига, исто така беше на клупата на Канзас Сити водејќи го две титули.

Се очекува своите први натпревари како селектор на Американките да ги има во ноември против Шведска и Костарика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот