Македонците се повеќе практикуваат да летаат со авион

Воздухопловниот превоз и на патници и на стока, бележи најголем раст, споредено со останатите видови транспорт, во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава, како и во однос на вториот квартал лани, а зголемувањето кај каргото достигнува до 72,8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

За 11,7 проценти е зголемен бројот на патници на домашните и меѓународните автобуски линии во вториот квартал споредено со првиот квартал годинава, но во однос на вториот квартал од минатата година  има намалување за 20,3 проценти.

Во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава во градско – приградскиот превоз имало за 1,3 проценти повеќе патници,  а за 1,8 проценти помалку споредено со вториот квартал лани.

Раст од 13,1 процент бележи железничкиот превоз во вториот квартал во однос на првите три месеци од годинава, а во воздухопловниот за 41,5 проценти, а споредебно со вториот квартал лани има намалување од 0,7, односно зголемување за 15,1 процент.

Кај товарниот превоз, во вториот квартал, споредено со првото тримесечје од годинава, статистиката бележи раст  од 4,4 проценти на количеството превезена стока во патниот превоз, кај железничкиот за 13,5 проценти, а во воздухопловниот за 72,8 проценти.

Споредено со вториот квартал лани, количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е намалено за 17,9 проценти, во железничкиот превоз е зголемено за 2,9 проценти, а во воздухопловниот превоз за 62,4 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот