Мајсторијата на Лазаров во Топ 10 најдобри голови на ЕП! (ВИДЕО)

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

Фантастичната низа на погодоци од првиот дел на шампионатот започнува токму со решавачкиот победнички погодок на капитенот против Украина.

Полека стивнува разочарувањето од раната елиминација на македонската репрезентација од Европското првенство, но ќе остане запишано дека беше освоено слабото 15. место од 24 учесници.

Остануваат да се направат анализи и што да се поправи за во иднина да имаме посилна репрезентација на големите натпреварувања.

А дотогаш со внимание ќе го следиме континенталниот собир 2020 и дознаеме кој ќе биде новиот европски шампион годинава.

Официјалниот Јутјуб канал на ЕХФ ЕУРО 2020 ги одвои најдобрите 10 голови од завршената прелиминарна фаза, а помеѓу нив се наоѓа и еден погодок на Кирил Лазаров.

Видео записот или оваа фантастична низа на погодоци започнува токму со решавачкиот гол на нашиот десен бек кој во последните секунди ни ја донесе првата и единствена победа на евро шампионатот против Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот