Лазаров: Заслужуваме секаква критика, сакам да им се извинам на сите!

фото: ehf-euro/Uros Hocevar/ kolektiffimages

Капитенот е свесен дека се правеа многу грешки и не беа реализирани шансите, никој не посакуваше ваков епилог на Европското ракометно првенство.

Македонската репрезентација после стартната победа над Украина и двата порази од Чешка и Австрија не успеа да ја оствари целта, пласман во главната фаза, па играчите полека ќе ги насочуваат погледите на клупски план во наредниот период.

Кирил Лазаров кој го заврши настапот со 22 голови на континенталниот собир, останува да се надеваме дека барем нема да биде загрозен неговиот рекорд на европските шампионати кој изнесува 61 погодок.

Капитенот е свесен дека се правеа многу грешки и не беа реализирани шансите, никој не посакуваше ваков епилог на Европското ракометно првенство 2020 и ќе следуваат анализи.

– Одигравме под нивото. Направивме многу грешки и промашивме многу шутеви. Австријците нè изненадија со одбраната 5-1, со полуфластер на мене. Стојам зад тоа дека можеме да играме со овој тим на Австрија, многу пати сме ги победувале – изјави Лазаров по поразот од Австрија.

Тој се заблагодари на навивачите и воедно имсе извини за прикажаното на ова натпреварување.

– Останавме должни, заслужуваме секаква критика. Ова е удар за нас и за македонскиот ракомет. Треба да се направи анализа и да се почне од почеток, затоа што не смееме да го загубиме она што е најубаво, затоа што ниту една друга репрезентација не може да си дозволи 5.000-6.000 навивачи на првенство во друга земја. Kако капитен, сакам да им се извинам на сите кои беа тука и кои не гледаа од Македонија – додаде десниот бек на францускиот клуб Нант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот