Манасков: Немавме решение за австриската одбрана!

фото: ehf-euro/Uros Hocevar/kolektiffimages

Нашето лево крило кое ги брани боите на унгарскиот ракометен клуб Веспрем ги најде причините поради раната елиминација од ЕП 2020.

Во одлучувачкиот натпревар за пласман во главната фаза на Европското првенство, Македонија загуби од Австрија со 32:28 и така се прости од континенталниот собир.

Дефинитивно најлошата партија на селекцијата на Данило Брестовац, а најголем „виновник“ за тоа беше австрискиот голман Ајхбергер и после само три натпревари на ЕП „црвено-жолтите“ ги пакуваат куферите и се враќаат дома.

Нашето лево крило, Дејан Манасков немаше многу зборови после поразот од Австрија и елиминацијата од Европското првенство.

– Им дозволивме да реализираат лесни голови, нашите шанси не ги реализиравме. Им дадовме многу топки во раце на ривалите. Исто така не можевме да најдеме решение за нивната одбрана. Тие се причината за нашата елиминација – вели Манасков, играчот на унгарскиот клуб Веспрем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот