Австрија ги згасна македонските надежи за главната фаза на ЕП! (ВИДЕО)

фото: рфм

Иако математиките велеа дека требаше со минимум два разлика против Австрија, не се случи тоа и го одигравме можеби еден од најлошите мечеви на европските шампионати.

Во последниот трет решавачки натпревар од групата „Б“ во Виена, македонската репрезентација не успеа да се пласира во главната фаза после поразот од домаќинот Австрија со резултат 32:28.

Не започна најдобро мечот за нашите ракометари, уште во втората минута при негатива од 1:0 првото исклучување го доби Стоилов, после нереализираниот напад преку Талески, веднаш казни Пош на спротивната страна за 2:0.

Во четвртата минута го постигнавме првиот гол преку Пешевски, но веднаш возвратија ривалите благодарение на Божовиќ за 3:1 и радост кај домашните навивачи. Голманот Бергер кај домаќините го одбрани ударот на Кузмановски, а Австријците како казнена експедиција реализираше нов гол за 4:1, стрелец беше Билик.

За среќа се вративме многу брзо, Стоилов со два голови во низа, а потоа и од контра преку Георгиевски за 4:4. Австрија повторно се одлепи и стекна нова предност од 6:4, а ние повторно немаме решение на ова ЕП кога сме со играч повеќе на теренот, Кузмановски имаше две чисти позиции за погодок, но не беше прецизен.

Дозволивме повторно да имаме негатива од „минус три“, Билип запиша уште два погодоци за 9:6 во 18. минута, Танкоски имаше непрецизно додавање до Стоилов, од контра веднаш казнија домаќините преку Вебер за највисоки (10:6).

Кузмановски во 23. минута го имаше првиот гол на мечот, но што вреди кога не можевме се уште да го запреме Билик (13:9). Следуваше серија од 5:1 на Австријците, едноставно ништо не ни одеше во напад, на семафорот стоеше дури 18:10.

Нивниот чувар на мрежата Ајхбергер имаше блескава партија, веќе ја имаше 10 одбраа на стартот од вториот дел, а тоа го крунисаа Билик и Вебер со нови голови за загрижувачки 21:13 во 14. минута во виенската арена.

Комплетно нарушена играта на македонските ракометари, уште полош ритам на избраниците на селекторот Брестовац, едноставно свесни дека далеку е главната фаза на шампионатот.

Веќе двоцифрена беше негативната, Борко успеа да одбрани неколку топки, и воедно запиша асистенција до Маџовски за успешна контра (29:20) во 49. минута пред австрискиот тајмаут.

Домаќините се опуштија во финишот, тоа само го искористивме за ублажување на поразот и завршување на настапот на ЕП уште во прелиминарната групна фаза.

ЕП 2020

Прелиминарна фаза, 3. коло

Македонија-Австрија 28:32 (26:32)

Македонија: Митревски (3 одб.), Ристовски (4 одб., 1 сед.), Пешевски 3, Стоилов 5, Георгиевски 3, Лазаров 3, Кузмановски 3, Манасков 1, Талески 2, Поповски 3, Маџовски 3, Велковски 1, Крстевски 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот