Мајските оперски вечери цела недела онлајн

Ги одбележуваме Мајските оперски вечери годинава на поинаков начин, согласно со приликите, со надеж дека што поскоро ќе се вратиме на нашата сцена и зад неа, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, директорот на Националната опера и балет, Васо Ристов.

Голема поддршка и посети на јутјуб каналот, но сепак недоставува магијата на сцената.

-Циклусот се состои од 10 претстави, 8 оперски и 2 балетски, со кој во текот на месецов се прави обид да се компензира отсуството на овој музичко-сценски фестивал. Имаме огромна поддршка и јутјуб каналот е одлично посетен. Колегите се јавуваат секој ден – им фали сцената, им фалат настапите и се надевам дека ситуацијата ќе се смири и ќе се вратиме на сцената, додаде Ристов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот