Мајкрософт крокс - Фото: Crocs

Мајкрософт слави 50 години со најнеобичниот производ досега: Крокс папучи за сите кои израснале со Виндоус Икс Пе

За да ја одбележи својата 50-годишнина, „Мајкрософт“ претстави необична, но забавна соработка – ограничено издание на папучи „Крокс класик“ инспирирани од легендарниот оперативен систем „Виндоус Икс Пе“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HYPEBEAST (@hypebeast)

Препознатливата позадина на Виндоус, со идилични зелени ридови во основата и јасно сино небо со облаци на врвот, веднаш ве враќа во раните 2000-ти, време на dial-up интернет и персонализирани десктоп компјутери.

Секој пар папучи доаѓа со посебен сет стикери Jibbitz, вклучувајќи ја легендарната спојувалка Clippy, логото на Internet Explorer, логото на MSN и класичниот покажувач на глувчето (познатата стрелка).

Иако засега се достапни само за претходна нарачка за вработените во „Мајкрософт“, компанијата потврди дека папучите наскоро ќе бидат пуштени во јавна продажба. Со ова, „Мајкрософт“ креативно ја прославува својата голема годишнина и му оддава почит на оперативниот систем што ја одбележа дигиталната ера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот