Мајката на ѕвездата на Минесота е во кома поради коронавирусот
Кошаркарот на Минесота, Карл-Ентони Таунс во емотивно видео кое го објави на социјалните мрежи откри дека неговата мајка се наоѓа во тешка состојба, а лекарите веруваат дека тоа е последица од коронавирусот.
Препорачано
Таунс открива дека мајка му, Жаклин Круз, веќе една недела е во болница поради здравствени компликации од коронавирусот и се наоѓа во медицински индуцирана кома и на вентилатор.
– Мислам дека е многу важно сите да ја разберат тежината на ова што се случува во светот со коронавирусот и решив дека можам да помогнам со ова видео. Минатата недела ми кажаа дека моите родители не се чувствуваат добро.
Првата реакција беше да побарам помош за нив, и реков веднаш да одат на лекар откако неколку дена немаше напредок во здравствената состојба. Сестра ми постојано и велеше мајка ми дека треба да биде тестирана за коронавирус. Состојбата постојано и се влошуваше и во болницата, имаше висока температура, белите дробови и беа се полошо, исто како и кашлицата, а докторите се обидуваа да сторат се што е во нивна моќ. Сега и даваат лекови кои очекуваме дека ќе помогнат – зборува Таунс кој се тестираше на коронавирус и резултатите беа негативни.


