Магнезиумот лекува преку 10 болести – Еве како најдобро да го искористите

Instagram
Фото: Профимедиа

За нормално функционирање на организмот, магнезиумот е повеќе од потребен. Неопходно е да обезбедите доволно количина магнезиум за да избегнете многу болести, болки, но и пад на имунитетот.

Магнезиумот е поважен дури и од калциумот, калиумот и натриумот. Милиони луѓе страдаат од недостаток на овој минерал, а тоа дури и да не го знаат.

За да ги задоволите дневните потреби на организмот, експертите препорачуваат масло од магнезиум кое што може и сами да си го направите. Единствениот минерал кој што може да се апсорбира во телото и крвотокот преку кожата е токму магнезиумот.

Овој лековит раствор може да го направите и сами од само од неколку состојки.

Состојки:

– 65 грама кристали магнезиум хлорид

– половина шолја дестилирана вода

– стаклено шишенце со прскалка

Подготовка:

Сварете ја дестилираната вода. Магнезиум хлоридот ставете го во шише или тегла и прелијде го со зовриената вода. Добро промешајте додека кристалите од магнезиумот целосно не се растворат во водата. Оставете ја течноста да се излади на собна температура, а потоа сипете го во шишето.

Маслото од магнезиум можете да го чувате и до шест месеци на собна температура.

Употреба:

Оваа масло се нанесува на целото тело и така организмот ја зема количината магнезиум која му недостасува. Освен што дејствува длабинки, тоа ја негува и кожата. Можете да го оставите на кожата или да го измиете по половина час.

По примената може да почувствувате благо пецкање, но тоа е сосема нормално.

За што е одличен магнезиумот?

– Ги опушта мускулите

– Го одржува нивото на шеќер во крвта

– Го чува кардиоваскуларното здравје

– Клучен е за балансирање на хормоните кај мажите и жените

– Потребен е после периодот во кој сте биле изложени на голем стрес

– Го поправа расположението и го намалува стресот

– Го подобрува сонот

– Ги намалува симптомите на ПМС и менструалните грчеви

– Го подобрува имунитетот

– Ја елиминира мигрената

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот