Магарешката кашлица на дневен ред пред Комисијата за заразни болести

Фатмир Меџити - поранешен министер за здраство / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Состојбата со магарешка кашлица во земјава е стабилна, случаите се надгледуваат, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој ги повика граѓаните да ги вакцинираат најмалите. Комисијата за заразни болести на состанокот утре ќе ја разгледува состојбата со магарешка кашлица во земјава но и онаа со зголемениот број респираторни инфекции.

-Веќе дадовме наредба да се чешлаат сите вакцинални картони и да ги повикаме на вакцинација. Да ја зачуваме нашата иднина и нашата држава, да ја смениме свеста, повика Меџити.

ДиТеПер вакцината е заштита од магарешката кашлица. Во јануари има два позитивни случаи во државата. Заболувањето пертусис или магарешка кашлица е предизвикано од бактерија и не е ново, но вакцината која е предвидена во редовниот календар за имунизација и е задолжителна, е превенцијата за да имаме помал број на случаи со пертусис. Најсериозен е проблемот во Хрватска, каде има над 4 илјади случаи на магарешка кашлица. Во земјава во јануари се пријавени два случаи на магарешка кашлица или пертусис, едниот импортиран од Данска, а другиот случај без точна епидемиолошка анализа.

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Д-р Мехмедовиќ: Магарешката кашлица трае сто дена, има два случаи во јануари – едниот импортиран од Данска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот