Мафијашки „бос“ платил за главата на Ранко „Ескобар“

Фото: Nova.rs

Во Бјелина, во БиХ, вечерва е уапсен Марко Пјановиќ од Брчко, кој е поврзан со убиството на Ранко Радошевиќ со прекар „Ескобар“ во Белград. Зад смртта на Радошевиќ стои криминалната група „Врачарци“, пишува „Новости“.

Пјановиќ неколкупати се сретнал со „Ескобар“, наводно за да договори набавка на блиндиран автомобил за пријател. Како што пренесува „Новости“, целата екипа која била уапсена била ангажирана од извесен Л.П. кој е во бегство.

ЛП се сомнева дека налогот го добил од Никола Вушовиќ Џони, по кого исто така е распишана и потерница. Се истражува кој е главниот нарачател на убиството.

Постојат две верзии за тоа кој е главниот. Има две имиња на мафијашки челници поврзани во криминалните активности. Еден од нив барал и платил за главата на Радошевиќ.

Според оперативните информации, во финансирањето на криминалот учествувал и Радоје Звицер.

Пјановиќ со друг автомобил се упатил кон Лозница, па најверојатно со чамец ја поминал Дрина.

ВИДЕО: Додека пиел кафе на бензинска во Белград, смртно застрелан „Ранко Ескобар“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот