Мадуро со ултиматум до Ковакс механизмот: Или составете ги вакцините, или вратете ни ги парите

Фото: МИА

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро упати ултиматум до Ковакс механизмот, што е задолжен за распределба на вакцини против ковид-19.

„Системот Ковакс е неуспешен. Го исполнивме својот дел од обврските. Моравме да користиме магија за да ги деблокираме замрзнатите фондови… Упатувам ултиматум, или составете ги вакцините или вратете ни ги парите“ изјави синоќа Мадуро.

Тој додаде дека Венецуела платила 120 милиони долари и не добила вакцини.

„Венецуела знае од друго место да купи вакцини ако Ковакс ги врати парите“ истакна Мадуро.

Претходно, Мадуро изјави дека САД блокирале десет милиони долари, последната уплата за Ковакс, поради американските санкции за Венецуела.

Од почетокот на пандемијата во Венецуела заразени се 275.000 луѓе од кои 3.200 починале. Земјата од февруари има на располагање две вакцини против Ковид-19 – Спутник В и Синофарм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот