Мадрид и Киев ја продлабочуваат воената соработка со фокусот на против воздушната одбрана
Украина и Шпанија денес во Мадрид потпишаа договори за соработка во ракетната индустрија и против воздушната одбрана (ПВО), во присуство на украинскиот претседател Володимир Зеленски и шпанскиот премиер Педро Санчез.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Претставници на владите на двете земји потпишаа меморандуми за заедничко украинско-шпанско воено производство, како и за заедничка обука на специјалисти меѓу дипломатската академија на Украина и дипломатската школа на Шпанија, јавуваат украинските портали.
„Денес, нашите производители на воена опрема потпишаа четири документи за соработка тука, од кои три се со компанијата „Сенер“. Договорите се однесуваат на воспоставување соработка во ракетната индустрија и воздушната одбрана. Токму тоа ќе ја зајакне заштитата на украинското небо“, истакна Зеленски.
Според него, Украина е заинтересирана и за заеднички проекти со Шпанија во областа на производство на беспилотни летала со долг дострел.
„Очекуваме сите договори меѓу украинските и шпанските производители да бидат имплементирани што е можно поскоро“, нагласи Зеленски.
Шпанскиот премиер Педро Санчез во оваа пригода објави нов пакет помош за Украина, вреден една милијарда евра, делумно финансиран од Европската Унија, а чија цел ќе биде поттикнување на заедничко производство на одбранбена опрема.
Санчез, по средбата со Зеленски, рече дека Шпанија ќе продолжи да го поддржува Киев сè додека е потребно за да се постигне праведен и траен мир и додаде дека војната во Украина е „тесно испреплетена со иднината на Европската Унија“.


