„Луксузниот рај всушност бил пекол“: Хју Хефнер подло ги уценувал Плејбој зајачиците

хју хефнер
Хју Хефнер / Фото: Profimedia

Плејбој вилата на јавноста ѝ беше претставена како луксузен рај, а плејбој зајачиците како девојки кои уживаат во животот, одат во скапи ресторани, ги возат најдобрите автомобили, имаат слугинки и постојано се забавуваат. Сепак, вистината е многу поинаква.

Во последните неколку месеци има се повеќе девојки кои откриваат ужасни приказни и искуства кои ги имале додека престојувале во вилата во сопственост на Хју Хефнер.

Нови уште пошокантни Плејбој откритија: Хју Хефнер имал хомосексуална врска со својот личен лекар

Но, документарната серија „Тајните на Плејбој“ ја откри темната страна на Хју Хефнер.

Првата што реши да зборува беше Холи Медисон. Откри дека зад „одличниот живот“ во вилата се крие суровата реалност на „подло однесување, вклучително и сексуално злоставување, злоупотреба на дрога“ како и дека сето тоа се случувало со децении.

„Гледајќи наназад, мислам дека причината поради која Плејбој вилата имаше „култна“ атмосфера е тоа што сите на некој начин очекувавме дека Хеф е навистина добар човек“, се сеќава Холи.

Исповед на Холи Медисон, поранешна зајачица на „Плејбој“: Му бевме бели робинки на Хју Хефнер

Поранешната Плејбој зајачица беше многу отворена за врската со Хефнер. Таа детално ја опиша и првата ноќ што ја поминала со него.

„Навистина не знаев што се случува со неговите девојки во сексуална смисла“, се присети Медисон, раскажувајќи како изгледало едно нивно излегување.

За се проговори и поранешната сопруга на Хефнер, а сега веќе вдовица, Кристал. Таа не само што ги потврди зборовите на Холи, туку откри и уште поужасни детали.

„Тој држеше стотици жени во рака“ , започна таа. Ги тераше да се соблечат и ги фотографираше, а тие тоа воопшто не го знаеја“.

Шокантна исповед на зајачица на „Плејбој“: На забавите имаше толку дрога што дури и кучето стана зависно!

Одмаздничка порнографија

Тоа всушност било само еден од начините на кои Хју сакал да се осигури дека девојките го прават она што тој го сака, но и да ги принуди на разни перверзии на кои инаку никогаш не би се согласиле. Секоја девојка што доброволно го напуштала имотот би доживеала јавно понижување.

Кристал тврди дека уништила илјадници фотографии од голи девојки кои минувале низ вилата.

„Најдов илјадници фотографии и ги уништив за миг. Не ја знам точната бројка. Но, тие повеќе не постојат“, рекла таа.

Бидејќи целата приказна полека се одмотува, можно е сите мрачни тајни на Хју Хефнер да бидат откриени…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот