Лукаревска: Заложбата на Владата е ставките за ресторанските услуги да бидат 10 проценти

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Таа рече дека со претставниците на угостителите е во постојана комуникација и за ставките за ресторанските услуги разговарале на 31 декември и дека тие биле информирани за трите ставки.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска изјави дека заложбата на Владата е ставките за ресторанските услуги да бидат 10 проценти и тоа е влезено во законска рамка, а засега остануваат три ставки.

– Во овој момент има три ставки, односно пет отсто за земање на нарачка, 10 отсто за јадење во ресторан и кетеринг и 18 отсто продажба на алкохолни пијалаци, коешто не може да биде во рамките на претходните две. Ова е еден вид на реализација на дел од програмата на Владата и во континуирана соработка со засегнатите страни, а имајќи предвид дека угостителите се на удар во оваа корона криза, во иднина ќе ги детектираме и останатите нивни потреби и проблеми, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе го исполни предизборното ветување да има една даночна ставка за ресторанските услуги, оти вчера угостителите реагирале дека наместо една добиле три ставки.

Таа рече дека со претставниците на угостителите е во постојана комуникација и за ставките за ресторанските услуги разговарале на 31 декември и дека тие биле информирани за трите ставки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот