Лука Јовиќ и 120 милиони евра за Нејмар!

twitter.com/RMadrid_stuff

Ова лето Нејмар од ПСЖ го преселуваа во неколку големи клубови како Реал, Барса и Јувентус, но напаѓачот останува член на „светците“.

Но, еве нов ден, нови шпекулации околу иднината на Нејмар, според француските и шпанските медиуми се најавува голема трампа меѓу ПСЖ и Реал, а во целата приказна се наоѓа и новото летно засилување на „Бернабеу“, Лука Јовиќ.

Мадридскиот гигант би требало да го испратат српскиот ас во Париз, а во „пакетот“ ќе се најдат и плус 120 милиони евра со цел Нејмар да го засили Реал.

Ваквата понуда „ја прифаќаат“ тренерот на ПСЖ, Томас Тухел и спортскиот директор Леонардо, подготвени да преговараат со „кралевите“, а за Јовиќ се вели дека нема да добие многу шанси кај тренерот Зинедин Зидан, иако Ајнтрахт Франкфурт за неговиот трансфер доби 60 милиони евра.

И натаму не се исклучува можноста Нејмар да се врати во својот поранешен клуб Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот