Љубов на дистанца: Парот кој се запозна во изолација ја воодушеви јавноста со идејата за состанок (ВИДЕО)

принтскрин

Пандемијата на коронавирусот започна да буди креативност кај луѓето, особено кога станува збор за одржувањето на љубовните односи и започнувањето на нови.

Иако во моментов целиот свет практикува самоизолација, односно живее во домашен карантин, некои тоа не ги спречува во целосно сигурни услови да се запознаат со потенцијалниот нов партнер и да излезат на состанок.

Токму тоа го направи и њујоршкиот фотограф Џереми Коен кој од својот балкон здогледал девојка во соседната зграда која танцува, па одлучил да и се обрати. Откако неколку пати си мафтале еден на друг, Џереми се одлучил да ја искористи магијата на технологијата, па така тој својот број и го доставил со помош на дрон. На девојката идејата и била симпатична и позитивна бидејќи не долго потоа му испратила порака.

Вториот ден овој потенцијален пар бил и на состанок, номално секој во својот дом, а разговарале преку видеоповик. Џереми го сними и процесот на подготвување за состанокот и најави уште еден.

Нивниот втор состанок со својата иновативност воодушеви многумина и стана светски хит.

Имено, Џереми се надминал самиот себе, а овој пат тој тоа го направи така што влезе во голем проѕирен балон и така одеше по улиците додека Тори, девојката со која беше на состанок, одеше надвор од балонот со заштитни ракавици. Парот дури го запре и полиција, но за среќа само за да се сликаат со нив бидејќи ден претходно ги виделе на вестите.

View this post on Instagram

How to date a Quarantined Cutie, Part 3.

A post shared by JEREMY COHEN (@jermcohen) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот