ЛШ: Драгонки поразени на првиот меч во Зеница

facebook.com/WFC-Dragon-2014-Skopje

После првото полувреме водеше домаќинот на турнирот, Сараево со резултат 1:0 против Драгон со погодокот на Медиќ во деветтата минута од средбата.

Сите дилеми беа решени во вториот дел кога противникот реализираше уште четири голови преку Ал. Спахиќ (59`), Ѓоковиќ (76`), Бојат (85`) и Куч (90+1`).

ЖФК Драгон: Коларовска, Шемсовиќ, Дервиши, Николовска, Д. Костова, Костеска, Зивиќ, Панеска, Белистојаноска, Петровска, Ѓорѓевска (Гегова 54`).

Во следното коло „драгонки“ ќе играат против исландскиот Бреидаблик (10. август, 11:00 часот) кој на стартот забележа победа над АСА Тел Авив од Израел со 4:1.

Само првопласираната екипа од квалификациската група 1 ќе обезбеди настап во следната фаза од натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот