ЛШ: Адеми и Ристовски во третото квалификациско коло против Легија или Флора Талин

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Денеска со жрепка во Нион се формираа паровите за третото квалификациско коло во Лигата на шампионите каде што Македонија нема повеќе свои клубови, после елиминацијата на Шкендија, но затоа има наши интернационалци кои ја ловат шансата во новата сезона да играат во групната фаза.

Можноста за учество во групите на ЛШ ја бараат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски кои со својот Динамо Загреб го дознаа потенцијалниот ривал во третото квалификациско коло на елитното натпреварување.

Доколку претходно во второто коло хрватската екипа биде подобра во двомечот со Омонија од Кипар, во следната рунда ќе се соочи со победникот од Легија Варшава (Полска) и Флора Талин (Естонија).

Словенечката Мура која успеа да ја елиминира тетовската Шкендија, за потенцијални противници во 3. коло ги има грчкиот Олимпијакос и азербејџанскиот Нефчи.

Лига на шампиони 2021/22
3. квалификациско коло, двојки –

– ШАМПИОНСКИ ПАТ –

Динамо Загреб/Омонија – Легија Варшава/Флора Талин
Линколн Ред Импс/Клуж – Слован Братислава/Јанг Бојс
Олимпијакос/Нефчи – Мура/Лудогорец
Каират/Црвена звезда – Алашкерт/Шериф Тираспол
Малме/Хелсинки – Ренџерс
Ференцварош/Жалгирис – Славија Прага

– ЛИГАШКИ ПАТ –

ПСВ Ајндховен/Галатасарај – Селтик/Митјиланд
Спартак Москва – Бенфика
Генк – Шахтјор Доњецк
Монако – Рапид Виена/Спарта Прага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот