Лондон губи чекор, Сити ја стиска владата за реформи

Вестминстерската палата и Биг Бен, Лондон / Фото: Слободен Печат, Архива

Бројот на котирани компании во Велика Британија е намален за повеќе од 40 отсто од 2008 година. Стравувајќи дека Лондон го губи теренот пред Њујорк и европската конкуренција, британската финансиска индустрија врши притисок врз владата да го прошири опсегот на реформите за да привлече големи корпоративни имиња на тамошната берза.

Лондон бележи пад од 40 отсто на бројот на јавно котирани компании од 2008 година, а во исто време забележа раст на конкурентските пазари во Амстердам, Париз и Франкфурт.

Амстердам ја зазеде водечката позиција како место за тргување со акции веднаш по Брегзит во 2021 година, пишува Ројтерс, пренесува Пословни хр.

На крајот на минатата година, британската влада најави серија реформи од Единбург, кои вклучуваат повеќе од 30 измени на постоечките правила. Индустриските групи и финансиската индустрија лобираат за повеќе, особено кога ЕУ и САД активно работат на одржување на нивните пазари на капитал конкурентни.

Во серија состаноци со претставници на Министерството за финансии, деловните лидери бараа дополнителни промени во политиката и поедноставни правила за да убедат повеќе мултинационални компании да се пријават во Британија. Помеѓу барањата се и да се натераат компании да основаат, да се преселат и да котираат во Британија, како и даночни олеснувања за враќање на инвестициите и капитални добивки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот