Логан Пол продаде ретка карта „Покемон“ за рекордни 16,49 милиони долари
Познатиот јутјубер и професионален борач, Логан Пол, продаде многу ретка карта „Покемон“- „Пикачу Илустратор“ за рекордни 16,49 милиони американски долари. Ова е највисоката цена платена досега за карта на аукција и ги сруши сите претходни светски рекорди, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
Картата, оценета со највисока можна оценка „PSA Gem Mint 10“, се сметаше за „светиот грал“ на „Покемон“ картите, а има само неколку десетици такви копии направени како награди на јапонски натпревар кон крајот на 1990-тите.

Пол ја купи во 2021 година за приближно 5,2 милиони долари, па затоа оствари огромен профит на оваа аукција.
Победникот беше Еј Џеј Скарамучи, син на финансиерот и поранешен директор за комуникации на Белата куќа, Ентони Скарамучи. Еј Џеј Скарамучи рече дека тоа е првата аквизиција од планираниот „лов на планетарно богатство“.
– Резултатот од аукцијата беше апсолутно луд – рекол Пол во живо на Јутјуб.
Судијката на Гинисовата книга на рекорди, Сара Касон ја прогласи за најскапата колекционерска картичка некогаш продадена на аукција. Пол беше изненаден од Скарамучи, кој му кажа за неговиот план да „собере несобирливо“.
– Сакам да купам фосили од диносаурус Т-Рекс, ќе ја купам Декларацијата за независност и нема да застанам тука. Ова беше само почеток – рекол Скарамучи.

Пол gго вклучи и дијамантското ланче што го носеше за време на неговото деби на WWE на WrestleMania 38 во 2022 година, која ја закачи околу вратот на Скарамучи.
Картите „Пикачу Илустратор“ беа објавени како дел од натпревар во 1998 година и се знае дека постојат само околу 40. Вредноста на картичките за тргување поврзани со многу популарната јапонска анимирана франшиза вртоглаво порасна во последниве години.



