Ливаковиќ до Адеми: Брате, ако видиш дека не разбираш што зборуваат, врати се!

фото: instagram.com/dominiklivakovic40

Аријан Адеми во неделата го одигра последниот натпревар за Динамо Загреб во победата против Риека, а кариерата ќе ја продолжи во кинески Пекинг Гуан.

Навивачите и играчите емотивно се простија од капитенот на Максимир, а на социјалните мрежи се огласи голманот Доминик Ливаковиќ кој ја презема неговата капитенска лента.

– Капитену, тежок натпревар е зад нас. Емоциите се силни, но кога ја гледаме кореографијата на навивачите, уште еднаш гледаме колку им значиш на соиграчите и на сите навивачи. Заедно ја делевме соблекувалната и постигнавме историски резултати. Беше наш лидер и биди горди и исполнет на себе после сè, затоа што си најголем, затоа што си Динамо. И брате, ако видиш дека не разбираш што зборуваат, врати се! Знаеш дека вратата на клубот никогаш ти е затворена. Среќно пријателе и благодарам за сè! Секогаш ќе имаш посебно место во срцата на сите фанови како и во моето, твојот најголем фан – напиша Ливаковиќ.

Потсетување дека Ливаковиќ е хрватски репрезентативец и играше на Светското првенство во Катар каде имаше блескави моменти.

За 13 години во Динамо, Адеми забележа 373 настапи и постигна 42 гола. Со Динамо освои 21 трофеј, 11 пати го освојуваше првенството на Хрватска, шест пати купот и еднаш Суперкупот. Воедно забележа и рекордни 104 настапи во Европа.

ФОТО | „373 пати срце на терен“ – „Бед Блу Бојс“ со спектакуларна кореографија во чест на Адеми

ВИДЕО | „Максимир“ во знакот на Македонците: Ристовски со гол го испрати Адеми во Кина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот