ВИДЕО | „Максимир“ во знакот на Македонците: Ристовски со гол го испрати Адеми во Кина

Фото: ГНК Динамо

Динамо Загреб благодарение на Стефан Ристовски славеше против Ријека во последниот натпревар на Аријан Адеми во дресот на Динамо Загреб.

Пред натпреварот „Бед Блу Бојс“ приредија спектакуларна кореографија во чест на македонскиот репрезентативец кој по 13 години си заминува од „Максимир“ и продолжува во Кина во тимот на Пекинг Гуан.

Одлучувачкиот момент во денешниот натпревар се се случи во 68-та минута кога по еден корнер на Батурина, Ристовски остана сам на втората статива и ја смести топката во мрежата.

Аријан Адеми на теренот беше до 84-та минутиа кога беше заменет, а тогаш цел стадион го поздрави со силни овации. Кариерата Адеми ја продолжува во Пекинг Гуан со кој потпиша договор на три години за плата од 1.65 милиони евра по сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот