Листа на најбогати млади Британци под 30 години: Прв е Хари Стајлс, втора Дуа Липа

Хари Стајлс/Дуа Липа/Кара Делавињ/Фото: Профимедиа/EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Листата на најбогатите Британци од јавниот живот кои се помлади од 30 години изненади многумина, а првото место го зазеде музичарот Хари Стајлс. Пред него на таа позиција беше Ед Ширан, но бидејќи наполни 30 години, исчезна од оваа листа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @harrystyles


Од каде Хари Стајлс на прво место?

Своето богатство го стекна преку музичката кариера, a додека последниот албум „Harry’s House“ го вивна на самиот врв. Од албумот се издвои хитот „As It Was“, кој дури шест недели беше на врвот на британските музички топ-листи. Покрај музичката кариера, тој се испроба и во актерството, а глумеше и во холивудските филмови како „Don’t Worry Darling“ и „Policeman“, а се појавуваше и во реклами.

Уште на 28-годишна возраст, тој го зазема првото место на листата на магазинот „Хот“, со богатство вредно 116 милиони фунти, благодарение на распродадените турнеи на стадионите и улогите во холивудските филмови. Хари првпат влезе на листата во 2016 година, но сега стигна до првото место откако ја проби бариерата од 100 милиони фунти во текот на изминатата година, а неговото богатство се проценува на 116 милиони фунти.

На второ место е пејачката со албанско потекло Дуа Липа со заработка од 69,1 милиони фунти, додека се наоѓа на бранот на популарноста на нејзиниот втор албум проследен со светската турнеја. Исто така, може да се пофали и со голем број други ангажмани, меѓу кои, во „Версаче“, „Евиан“ и „Пума“. Овогодинешната турнеја ѝ донесе 35 милиони фунти за само два месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)


Бронзеното место го зазеде манекенката Кара Делевињ, додека нејзината заработка беше проценета на 63,8 милиони фунти благодарение на соработките со најистакнатите модни куќи и на нејзината компанија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cara Delevingne (@caradelevingne)

Ова е топ-листата на најбогатите луѓе во Британија до 30 години:

1. Хари Стајлс, 28 (116 милиони фунти)
2. Дуа Липа, 27 (69,1 милиони фунти)
3. Кара Делевињ, 30 (63,8 милиони фунти)
4. Нил Хоран, 29 (58,4 милиони фунти)
5. Луис Томлинсон, 30 (48,3 милиони фунти)
6. Лиам Пејн, 29 (47,4 милиони фунти)
7. Зејн Малик, 29 (38 милиони фунти)
8. Сем Смит, 30 (37,8 милиони фунти)
9. Дејзи Ридли, 30 (36,1 милиони фунти)
10. Џон Бојега, 30 (28,8 милиони фунти)
11. Стормзи, 29 (27,8 милиони фунти)
12. КСИ, 29 (26,4 милиони фунти)
13. Луис Капалди, 26 (20,3 милиони фунти)
14. Мили Боби Браун, 18 (19 милиони фунти)
15. Џејд Тирлвол, 29 (17,5 милиони фунти)
16. Пери Едвардс, 29 (17,5 милиони фунти)
17. Том Холанд, 26 (15,7 милиони фунти)
18. Џорџ Езра, 29 (15,5 милиони фунти)
19. Софи Тарнер, 26 (14,7 милиони фунти)
20. Томи Малет, 30 (14,7 милиони фунти)
21. Сем Фендер, 28 (10 милиони фунти)
22. Чарли ХСХ, 30 (9,2 милиони фунти)
23. Мејси Вилијамс, 25 (9 милиони фунти)
24. Серше Ронан, 28 (8,1 милиони фунти)
25. Дејв, 24 (7,4 милиони фунти)
26. Моли-Меј Хејг, 23 и Томи Фјури, 23 (6,5 милиони фунти)
27. Џејк Баг, 28 (6,4 милиони фунти)
28. Џоди Комер, 29 (6,2 милиони фунти)
29. Маја Џама, 28 (5,3 милиони фунти)
30. Амбер Гил, 25 (4,5 милиони фунти)

Најдете го своето задоволство: Хари Стајлс промовираше нов родово-неутрален бренд за козметика

ВИДЕО | За овој женски говор зборува цел Балкан: Уапсете ме до утре, оти по ова веројатно нема ни да се вработам

ФОТО | Роденденската прослава може да започне: Дуа Липа денес полни 27 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот