Лина Ѓорческа со пад од шест позиции на ВТА ранг листата

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи пад од шест места на најновата ВТА ранг листа.

Ѓорческа во сингл конкуренцијата моментно е на 241 позиција со 312 поени.

Минатата недела Ѓорческа стигна само до второто коло нна ИТФ фјучерсот во Трнава, Словачка.

Магдалена Стоилковска напредуваше за осум позиции и сега е на 1203 место со девет поени.

На врвот е Ига Швјонтек од Полска со 10,105 поени, пред Арина Сабаленка (8,725) и Американката Коко Гоф (6,975).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот