фото: mtftennis.mk

Лина Ѓорческа го загуби финалето во Куршумлијска Бања

Лина Ѓорческа не успеа да стигне до втората титула во 2025 година откако денеска е поразена во финалето на ИТФ W35 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија (награден фонд 30.000 долари).

Поуспешна од македонската тенисерка беше првата носителка Романката Мириам Булгару која победи со 2:1 во сетови (5:7, 6:1, 6:0) за два часа и 15 минути игра. Ова за Ѓорчесска беше второ сингл финале во 2025 или вкупно 37. во кариерата и остана со 14 титули.

Во првиот сет Ѓорческа имаше еден брејк повеќе од противничката и водеше со 5:3, но Булгару изедначи на 5:5. Ѓорческа ги освои следните два гема и стигна до водство од 1:0 во сетови.

Но, тука како да запре нашата тенисерка која до крајот на мечот во следните два сета успеа да освои само еден гем што значеше и триумф на нејзината противничка.

Ѓорческа за пласманот во финалето ќе освои 23 поени, а пријавена е за настап на турнир и следната недела во Куршумлијска Бања од рангот W75 што ќе се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот