Лига на шампиони: Елмас го доби Ливерпул, Адеми и Ристовски против Милан и Челси

фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

После интересни и возбудливи квалификации, ги добивме сите 32 учесници во групната фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2022/2023 во која ќе имаме тројца македонски репрезентативци Елиф Елмас, Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Денеска со жрепка во Истанбул (Турција) каде и ќе се игра финалето на 10 јуни 2023 година, ги дознавме сите осум групи, секоја група има по четири екипи. Натпреварите од групната фаза ќе се играат од 6 септември до 2 ноември. Периодот е скратен поради Светското првенство во Катар.

Шпанците, Англичаните и Италијанците имаат по четири претставници во групите на ЛШ, Португалците три, а Французите и Шкотите по два. Титулата ќе ја брани Реал Мадрид кој минатата сезона го подобри веќе убедливиот рекорд на 14 европски трофеи.

Легендарните фудбалери Хамил Алтинтоп и Јаја Туре помагаа во жрепката. Пред стартот на жрепката, првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин на италијанскиот стручњак Ариго Саки му ја додели „Претседателската Награда“.

Наполи на Елмас се наоѓа во групата „А“ заедно со Ајакс, ланскиот финалист Ливерпул и шкотскиот Ренџерс. Динамо Загреб на Адеми и Ристовски ќе играат во групата „Е“ со Милан, Челси и Салцбург.

Како една од најинтересните групи може да се издвои групата „Ц“ во која имаме три гиганти Баерн Минхен, Барселона и Интер.

Лига на шампиони, сезона 2022/2023

Група „А“

Ајакс
Ливерпул
Наполи
Ренџерс

Група „Б“

Порто
Атлетико Мадрид
Баер Леверкузен
Клуб Бриж

Група „Ц“

Баерн Минхен
Барселона
Интер
Викторија Плзен

Група „Д“

Ајнтрахт Франкфурт
Тотенхем
Спортинг
Олимпик Марсеј

Група „Е“

Милан
Челси
Салцбург
Динамо Загреб

Група „Ф“

Реал Мадрид
Лајпциг
Шахтјор Доњецк
Селтик

Група „Г“

Манчестер сити
Севиља
Борусија Дортмунд
ФК Копенхаген

Група „Х“

ПСЖ
Јувентус
Бенфика
Макаби Хаифа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот