Лига на нации: Мегваер ги зави во црно Англичаните (ВИДЕО)

epa08746002 Harry Kane of England reacts during the UEFA Nations League match between England and Denmark in London, Britain, 14 October 2020. EPA-EFE/Daniel Leal Olivas / POOL

Селекцијата на Данска го приреди најголемото изненадување во вечерашните натпревари во Лигата на нации со победата над Англија од 0:1 и тоа по заслуга на најскапиот дефанзивец на светот, Хари Мегваер.

Штоперот на Манчестер јунајтед заработи исклучување уште во 32. минута поради два жолти картони, а само три минути подоцна Данска со голот од пенал на Кристијан Ериксен поведе со 0:1, резултат кој се покажа како конечен.


Белгија благодарение на двата гола на Ромелу Лукаку со 1:2 славеше на гостувањето кај Исланд.


Португалија и без Кристијано Роналдо успеа да дојде до убедлив триумф од 3:0 над Шведска. Заслугите за триумфот на португалците одат на сметка на најновото засилување на Ливепрул, Диого Жота, кој ги постигна вториот и третиот гол, додека резултатот го отвори Бернардо Силва.


Во репризата на финалето од СП 2018 година, светскиот шампион Франција повторно беше поуспешен од Хрватска, овој пат славеше во Загреб со 1:2.


Резултати
Лига А
Полска – БиХ 3:0
Италија – Холандија 1:1
Исланд – Белгија 1:2
Англија – Данска 0:1
Португалија – Шведска 3:0
Хрватска – Франција 1:2

Лига Б
Романија – Австрија 0:1
Норвешка – Северна Ирска 1:0
Шкотска – Чешка 1:0
Словачка – Израел 2:3
Русија – Унгарија 0:0
Турција – Србија 2:2
Финска – Ирска 1:0
Бугарија – Велс 0:1

Лига Ц
Македонија – Грузија 1:1
Естонија – Ерменија 1:1
Молдавија – Словенија 0:4
Грција – Косово 0:0
Белорусија – Казахстан 2:0
Литванија – Албанија 0:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот