Лига на нации: Македонија брка висока победа против Грузија

Македонската А репрезентација тренираше на Динамо Арената во Тбилиси/фото: ФФМ

Денеска македонската А репрезентација ќе го игра петтиот претпоследен натпревар од групата „4“ од Ц сегментот во Лигата на нации против Грузија (18.00 часот) во Тбилиси.

Нашите најдобри фудбалери предводени од селекторот Благоја Милевски се борат за повисок ранг во натпреварувањето (Лига „Б“) и влез во плеј-офот за ЕП 2024.

Грузијците се во „пол-позиција“, имаат три бода повеќе од нас, а во корист им оди и високиот триумф од 0:3 во Скопје.

Милевски пред овој меч се соочи со голем број на отсуства поради повреди, ќе недостасуваат Стефан Ристовски, Дарко Чурлинов, Ваљон Етеми и Аријан Адеми, а единствено дополнителен повик доби Егзон Бејтулаи.

За да бидеме подобри во меѓусебниот дуел, триумф од четири голови разлика ќе ги одржува шансите на Македонија за освојување на првото место.

Со победа од три или помалку голови разлика исто така ќе се израмниме со Грузијците, но во таков случај во последното коло ќе бараме „услуга“ од Гибралтар да биде непоразен против Грузија, а ние секако бркаме каков било триумф над Бугарија во Скопје.

До сега четирипати се сретнавме со Грузија, двапати ремизиравме (1:1, 1:1), имаме пораз (0:3) и победа од 1:0.

Еве како може Македонија до првото место во групата:

– Најдобрата опција за нас е победа од четири голови разлика, за да бидеме подобри во меѓусебниот дуел, и потоа каква било победа во Скопје над Бугарија.

– Со победа од три голови разлика против Грузија и триумф над Бугарија со два или повеќе голови разлика од победата на Грузија против Гибралтар.

– Со победа над Грузија од два или помалку разлика против Грузија, па триумф над Бугарија, но тогаш потребно ни е Гибралтар да не загуби против Грузија во последното коло.

Алиоски: Не сме под притисок, победа во Тбилиси ќе ни донесе уште подобра атмосфера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот