Алиоски: Не сме под притисок, победа во Тбилиси ќе ни донесе уште подобра атмосфера

фото: ФФМ

Македонската А репрезентација в петок (18.00 часот) ќе го игра претпоследниот натпревар од групата „4“ во Лигата „Ц“ на гостински терен против Грузија.

Новиот играч на турскиот гигант Фенербахче, Езѓан Алиоски ги сподели очекувањата во пресрет на утрешниот меч во Лигата на нации.

Токму во Тбилиси пред две години беше испишана историја кога ги совладавме Грузијците со 0:1 и за првпат се пласиравме на Европско првенство.

– Го исполнивме сонот овде, се пласиравме на Европско првенство, но тоа е веќе зад нас. Не е важно дали играме пред полни трибини или без публика, навивачите не се на теренот, за добар резултат треба да одиграме добар фудбал, а ние сме дојдени за да го покажеме нашиот квалитет. Поразот дома (0:3) навистина беше болен за нас и ќе се обидеме да победиме тука.

Не е потребно јас како повозрасен да ги мотивирам помладите. Овој дрес е мотивација сам за себе. Победа ќе ни донесе уште подобра атмосфера. Не сме под притисок и мислиме само на тимот – вели Алиоски на официјалната прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот