ВИДЕО: Историскиот гол на Пандев кој ја однесе Македонија на Евро 2020

Голот на Горан Пандев против Грузија во баражот за ЕП 2020/фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Во интервјуто за „Гаѕета дело Спорт“ македонска фудбалска легенда Горан Пандев објави дека ја завршува професионалната кариера.

Пандев е моментно најдобриот стрелец на нашата А репрезентација со 38 голови на вечната листа, 18 повеќе од второпласираниот Александар Трајковски.

Лани со генерацијата го оствари најголемиот успех во историјата на фудбалот во Македонија која за првпат играше на Европско првенство по кое Пандев ја заврши репрезентативната кариера.

На 12 ноември 2020 година во Тбилиси составот предводен од тогашниот селектор Игор Ангеловски со 0:1 триумфираше над Грузија.

Стрелец на единствениот гол беше Пандев во 56 минута после една убава акција во која учествуваа Елиф Елмас и Илија Несторовски.

ФОТО+ВИДЕО: Македонските фудбалери со победнички мисли патуваат за Грузија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот