Горан Пандев објави крај на кариерата: Во иднина се гледа како директор или спортски агент

Горан Пандев е најдобриот стрелец на македонската А репрезентација/фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

Горан Пандев во интервјуто за „Гаѕета“ изјави дека ја завршува кариерата како професионален фудбалер на 39 години. Последен клуб на поранешниот македонски репрезентативец беше Парма во италијанската Серија Б.

Најголем дел од својата клупска кариера ја помина во Италија, беше еден од клучните играчи на Интер предводен од Жозе Мурињо кога во 2010 година се закити со титулата во Лигата на шампионите.

Пандев се потсети на неговото доаѓање во милански Интер. Пандев им се приклучи на „нераѕурите“ на средината на сезоната откако го раскина договорот со Лацио. Македонецот не постигна договор со Лацио и го одвоија од тимот. Шест месеци без тренинг или играње. Спорот беше изведен пред суд кој пресуди во корист на Пандев. Напаѓачот ја објасни ситуацијата: „Фудбалот е чуден: за една година почнуваш лошо, не играш, си надвор од тимот и не знаеш што се случува. И на крајот од првенството ја освојувате тројната круна“.

ГОРАН ПАНДЕВ
Освоени трофеи во кариерата –

Лацио (Куп на Италија 2008/2009)

Интер (Серија А 2009/2010, Куп на Италија 2009/2010, 2010/2011, Суперкуп на Италија 2010, Лига на шампиони 2009/2010, ФИФА Светско клупско првенство 2010).

Наполи (Куп на Италија 2011/2012, 2013/2014)

Галатасарај (турска Супер Лига 2014/2015, Куп на Турција 2014/2015)

Беше на првото место на листата најдобри стрелци во Купот на Италија во сезоните 2008/2009 со шест голови и четири погодоци во 2016/2017. Беше прогласен за играч на годината во Македонија во 2004, 2006, 2007, 2008 и 2010.

Професионалната кариера ја започна во Беласица, потоа се пресели во Интер, следуваа позајмица во Специја и Анкона, пет години во Лацио, по три во Интер и Наполи, една сезона во Галатасарај, вкупно седум години во Џенова и изминатата сезона во Парма. Севкупно 549 настапи и 112 голови.

За најдобрата македонска репрезентација лани играше на Европското првенство и го постигна првиот историски гол за А селекцијата на континенталните собири запиша 122 настапи и 38 голови како прв стрелец на вечната листа на најдобрата македонска репрезентација.

Во неговите идни планови фудбалот се очекува и натаму да биде е присутен. Тој признава дека тоа е „единственото нешто што знае да го направи“. Тој не бара тренерска кариера:

– Себеси повеќе се гледам како директор или спортски агент. Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам, да разговарам, да ги гледам игрите – вели Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот