Лига Европа: Рајн Некар е „преголем залак“ за РК Вардар 1961

фото: facebook.com/rkvardar

Во првиот натпревар од квалификациите за пласман во групите на ЕХФ Лига Европа денеска во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје екипата на Вардар 1961 загуби со 25:34 од Рајн-Некар Левен.

Германците се поблиску до групите, а за македонската екипа предводена од тренерот Владо Недановски реваншот ќе биде „невозможна“ мисија во обидот да се анулира негативата на 3 септември.

Инаку скопските „црвено-црни“ беа рамноправни против фаворитот во текот на првото полувреме, најпрвин водеа на стартот со минимални 1:0 и 2:1, кои беа и единствената предност за домаќините на овој дуел.

Следуваше серија од 6:1 на гостите за „плус четири“ на семафорот, но бодрени од навивачите не се предаваа играчите на Вардар, со добра одбрана и неколку значајни интервенции на голманот Томовски стигнаа до израмнување од 12:12, а на паузата се замина со нерешени 14:14.

Се држеше Вардар и на стартот од вториот дел кога имаше само еден минус негатива (15:16), но при 17:18 германскиот гигант зададе нов сериозен удар со низа погодоци (6:0) што се покажа како клучно за крајниот епилог.

Рајн Некар водеше со 17:24, веќе се докажуваше поголемиот квалитет на ривалот кој постепено ја зголемуваше својата предност и истата стана и двоцифрена пред завршувањето на мечот (24:34).

За Вардар на оваа средба најефикасен беше Лазаревски со шест голови, еден помалку запиша Срдановиќ. На спротивната страна Кнор беше најрасположен со осум погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот