Фото: EPA/ALEX DODD

Лидс за прв пат по 39 години ќе игра во полуфиналето на ФА купот

Фудбалерите на Лидс се пласираа во полуфиналето на ФА купот за прв пат по 39 години откако по пенал серијата го елиминираа составот на Вест хем.

Пласман претходно во полуфиналната фаза обезбедија и екипите на Манчестер сити, Саутемптон и Челси.

Во регуларното време, резултатот беше 2:2, а по изведувањето на пенали тимот од Јоркшир беше подобар со 6:4.

Полуфиналните мечеви ќе се играат на стадионот Вембли во Лондон, на 25 април Лидс ќе игра против Челси.

Еден ден подоцна, на 26 април Манчестер сити ќе ја има фаворитската улога против Саутемптон кој направи изненадување совладувајќи го Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот