Личина и Лазаревиќ потпишаа нови договори, Стоилов се раздели со Македонија ЃП

фото: ФК Македонија Ѓорче Петров 1932

Македонија Ѓорче Петров потврди дека прволигашкиот клуб ова лето ќе го напушти Ѓорѓи Стоилов. Овој 27-годишен играч во единствената сезона во дресот на ѓорчепетровци во првенството запиша 23 настапи.

Претходно во клупската кариера Стоилов беше дел и од Шкупи, Зира (Азербејџан), Академија Пандев и Турново.

Одбранбениот играч Есмин Личина (25) и следната сезона ќе ги брани боите на Македонија ЃП откако официјално го продолжи договорот на една година. Оваа сезона во 1МФЛ имаше 22 настапи и еден погодок реализиран годинава во домашната победа над Работнички (2:1).

Потпис на нов едногодишен договор стави и фудбалерот од средниот ред, Стефан Лазаревиќ.

Воедно од клубот информираат дека подготовките за новата сезона ќе стартуваат на 7 јуни. Екипата ќе се подготвува во Словенија каде ќе одигра четири пријателски натпревари.

„Лавовите“ од Ѓорче Петров на 23 јуни ќе тестираат против Железничар, три дена подоцна ривал ќе им биде Целје, па на 29 јуни ќе се соочат со Радомље, а серијата контролни мечеви ќе заврши на 1 јули против Чукарички.

Исто така потсетување дека фудбалерите на Горан Симов ги очекува и настап во квалификациите на Конференциската лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот