Плажа на Халкидики/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Лежалките на плажа низ целиот свет стануваат сè поскапи

Во минатото, плажата се освојуваше со пешкир, но денес, сончањето без изнајмена лежалка е речиси општествен срам. Тврдата пластика покриена со платно стана повеќе од само седиште – таа е мерка за туристичка вредност

На некои дестинации, изнајмувањето се претвора во сериозен трошок: Свети Стефан, Црна Гора – околу 300 евра дневно, Сен Тропе (Ники Бич) – до 500 евра за еден ден луксуз, Миконос – во зависност од локацијата и „вибрациите“, од 200 до 400 евра, Дубаи, Палм Џумеира – 250 евра и добивате амбиент… но не и мир.

Во Хрватска, цените за дневно изнајмување се движат од околу 30 до 50 евра, но имаше и „специјални понуди“ од, на пример, 150, 160 евра. Ваквите цени доведоа и до инциденти. Од физички конфликти во Италија и Шпанија до дигитална саботажа во турските хотели – борбата за добра позиција на плажата често ескалира.

За среќа, не сите плажи станаа бојни полиња на луксуз. Во некои региони, лежалка доаѓа со нарачаниот пијалок – бесплатно: Албанија – во Драч и Ксамил, лежалките често не се наплаќаат, Бугарија – од 5 до 10 евра за сет, Португалија (Алгарве) – од 10 до 15 евра дневно, Бали – лежалките се вклучени во цената на коктелот.

Лежалката денес е она што некогаш беше балкон на главното градско шеталиште. Покажува кој сте, каде сте и колку вреди вашиот одмор. Поблиску до морето – повисока позиција на социјалната скала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот