Катерина Зајковска
Катерина Зајковска / Фото: Принтскрин /Собрание

Левица: Изборот на Зајковска за членка на Антикорупциска е скандалозен

Денешната одлука на собраниската комисија со која Катерина Зајковска е предложена за нов член на Антикорупциска комисија претставува скандалозен обид за континуитет на истите структури кои ја компромитираа Антикорупциската комисија, велат од Левица.

Одтаму наведуваат дека претходно објавиле, како што велат, сериозни сомнежи дека токму Катерина Зајковска, како вработена во секторот за финансирање на политички партии во ДКСК, била дел од прикривањето на спорните податоци поврзани со фирмата „Буст ДООЕЛ“ на синовите на поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска.

„Скандалот е уште поголем ако се знае дека токму страницата со „Буст ДООЕЛ“ недостасувала во извештајот за претседателската кампања на ДПМНЕ, иако фирмата инкасирала околу 2 милиони денари од изборната кампања. Додека Цвета Ристовска ја сокри оваа фирма од нејзиниот анкетен лист, Катерина Зајковска била член на институцијата која треба да врши контрола на изборното финансирање на партиите. Особено загрижува што Катерина Зајковска и самата потврди дека страницата со „Буст ДООЕЛ“ недостасува во извештајот, но наместо дисквалификација, денес пратениците од власта ја наградија со кандидатура за член на ДКСК. Со вакви кадровски решенија, Антикорупциската комисија се претвора во заштитен штит на политичко-бизнис мрежи блиски до власта“, велат од партијата.

Наместо Антикорупциска комисија со интегритет, додаваат од партијата, режимот на власт врши ротација на партиски послушници поврзани со скандали, прикривање фирми и сомнежи за политичка заштита на корупцијата.

Катерина Зајковска е предложена да ја замени Цвета Ристовска како член на Антикорупциска комисија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот