Левандовски е најдобриот напаѓач на светот, пред Мбапе и Роналдо

Полјакот Левандовски од почетокот на сезоната 2019/20 има вкупно 112 голови/Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Роберт Левандовски од почетокот на сезоната 2019/20 во сите клупски натпреварувања во Топ 5 европските лиги постигна 112 голови и е убедливо најефикасен играч во тој период.

Полјакот ја предводи листата пред Килијан Мбапе и Кристијано Роналдо со по 76 голови, а четвртопласиран со 73 е Ерлинг Халанд.

Карл-Хајнц Румениге, поранешниот генерален директор на Баерн вели дека Левандовски и Халанд се најдобрите напаѓачи на денешницата.

– Со Левандовски во тимот го имате најдобриот напаѓач на светот. Халанд е вториот најдобар. Баерн е заинтересиран за останување на Роберт и после 2023 година кога му истекува договорот.

Халанд е инвестиција. Мислам дека нема да направи трансфер во Ливерпул. Тука не го исклучувам Реал. Можеби следното лето ќе ги ангажира Халанд и Мбапе – рече Румениге.

Халанд и Левандовски играат во Бундеслигата, па можеби не е изненадување зошто Румениге ги избра двајцата во конкуренција на играчи како Карим Бензема, Ромелу Лукаку или Луис Суарез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот