Лесјак: Кузмановски ми кажа убави зборови за Е. Пелистер, за градот Битола

Урбан Лесјак е новиот голман на Е. Пелистер/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Како што е веќе познато Словенецот Урбан Лесјак е новиот голман на Е. Пелистер со кој потпиша договор до 2024 година.

Пред да дојде во Битола, ги бранеше боите на Целје Пивоварна Лашко и Хановер. Тој е член на репрезентацијата на Словенија, освојувач на бронзен медал на Светското првенство во Франција во 2017 година.

Кога стигнала опцијата за Битола, признава дека веднаш му била интересна.

– Градот го знаев, бидејќи играв тука со Хановер. Филип Кузмановски ми кажа многу убави зборови за клубот, градот, организацијата, сопственикот и засега сè функционира супер и едвај чекам да почнат натпреварите.

Словенците имаат големо почитување за македонскиот ракомет. Знаеме што значеа Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер, кој е на добар пат. Имаме добар ростер, имаме луѓе зад нас во клубот кои добро работат и верувам дека ова е добар проект.

Со голем ентузијазам гледам на проектот, бидејќи ако не беше така немаше ни да се одлучам да дојдам тука. Драго ми е што ќе имам голема одговорност, што ќе бидам битен за екипата. Верувам во својот квалитет и во квалитетот на екипата. Свесен сум дека голманската позиција е многу битна и ќе дадам сè од себе.

Тешко е да оценам каква е екипата во овој момент. Тешки се нозете, доста трениравме и физички се подготвувавме. Имаме интелегентна екипа која може да игра повеќе начини на ракомет – од брз, до тактичен. Спремни сме за сè сезонава – вели Лесјак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот