Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Лео Меси нема да потпише нов договор со Барселона!?

Се случува радикален пресврт во случајот со евентуалното продолжување на соработката на Лионел Меси со Барселона. Иако последните информации најавуваа дека новиот договор наскоро ќе се објави, но според шпанската „Марка“ Каталонците нема да можат повторно да го ангажираат еден од најдобрите фудбалери на светот.

Претседателот на Барса, Жоан Лапорта е свесен за ситуацијата и фактот дека Меси е подалеку од обновување со каталонскиот клуб од порано. Реалноста е дека неколку нивоа на клубот се свесни за ситуацијата и истражуваат како најдобро да се соопшти резултатот на разговорите одржани во четвртокот.

Овие разговори се одржаа помеѓу клубот и претставниците на Меси, состанокот бил срдечен, но Меси никогаш не бил подалеку од обновување на договорот со клубот отколку што е денес.

Наводно, челниците на клубот наводно побарале од Аргентинецот да се согласи за дополнително намалување на платата, откако веќе даде позитивен одговор приходите да бидат половина пониски како порано.

Истиот извор вели дека таткото на Меси, Хорхе, брзо го прекинал состанокот, незадоволен од однесувањето на луѓето од Барса.

Каталонците се во голема финансиска криза, се пишуваше дека им требаат околу 200 милиони евра за да би можеле да функционираат.

Се очекуваше дека Меси сигурно ќе остане, сега се чини дека ситуацијата се промени…

Финансиска инјекција од 2.7 милијарди евра за Ла Лига: Барселона веднаш добива 270 милиони,  Реал Мадрид 260 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот