Првиот човек на Ла Лига повторно го нападна ПСЖ кого го смета за непријател на фудбалот/ фото: EPA-EFE/Ballesteros

Финансиска инјекција од 2.7 милијарди евра за Ла Лига: Барселона веднаш добива 270 милиони,  Реал Мадрид 260 милиони евра

Ла Лига денеска доби финансиска инјекција од 2.7 милијарди евра која треба да му помогне на шпанскиот фудбал во време на економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Денеска е официјално потврдено дека засега неименуван инвенстициски фонд вложил дури 2.7 милијарди евра за да им помогне на Ла Лига и на шпанските екипи, а за возврат вложените пари ќе ги врати преку маркетинг, успесите на екипите и од се што заработува Ла Лига.

Поточно, 10 проценти од вкупните приходи на Ла Лига во кои се вклучени и ТВ правата, маркетингот и продажбата на сувенири ќе одат на сметката на инвестицискиот фонд кој го спаси шпанскиот фудбал со најголемата финансиска инјекција во историјата на фудбалот.
Сепак, не е се така едноставно бидејќи шпанските екипи мора да имаат прецизни бизнис планови на долгорочен план и немаат право целата сума која сега ќе ја добијат да ја потрошат на трансфери.

Според официјалните информации, Барселона веднаш ќе добие 270 милиони евра кои ќе и помогнат да ги намали огромните долгови, додека Реал Мадрид ќе инкасира 260 милиони евра. Според договорот и Барселона и Реал Мадрид ќе имаат право да искористат само 15 проценти од овие пари за трансфери, односно каталонскиот тим ќе може да потроши 40.5 милиони, додека „кралскиот клуб“ има право да потроши 39 милиони евра.

Со финансиската инјекција, Барселона конечно ќе може да го официјализира потпишувањето на новиот договор со Лионел Меси, додека Реал Мадрид би можел да тргне во реализација на трансферот на Килијан Мбапе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот