Лекови и намирници кои НЕ СМЕЕТЕ да ги мешате!

„Бизнис инсајдер“ претставува четири најопасни комбинации на лекови и храна на кои сериозно треба да обрнете внимание.

  •  Зелен зеленчук (брокули, спанаќ, прокељ) кој е богат со витаминот К, го поништува антикоагулативното дејство на разредувачите на крвта, па така оваа комбинација никако не се препорачува.
  •  Одделни лекови против зголемен притисок го зголемуваат нивото на калиум во организмот. Доколку се комбинираат со банана, која исто така е богата со калиум, оваа комбинација може да го поремети правилниот срцев ритам или да предизвика лупање на срцето.
  •  Храна богата со растителни влакна (како оревите) спречува апсорција на одделни лекови против болести на штитната жлезда. Доолку консумирате големи количини од овие намирници, можеби би требало да ја зголемите дозата на лекот, нормално во консултација со вашиот лекар.
  •  Сокот од грејпфрут го зголемува нивото на лекови за намалување на холестеролот во крвта, а последица се зголемените шанси за појава на несакани дејства како болки во нозете. Консумирањето на оваа намирница исто така би требало да ја избегнувате доколку земате лекови против зголемен крвен притисок, абнормален срцев ритам или анксиозност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот