Леклер казнет со 10 позиции за трката во Саудиска Арабија

Фото: EPA-EFE/Ali Haider

Возачот на Ферари, Шарл Леклер е казнет со 10 стартни позиции на втората трка во Формула 1.

Леклер на трката која ќе се вози во недела во Саудиска Арабија ќе стартува 10 позиции поназад, поради замената на електронски компоненти во својот болид.

Во Ферари прво менуваа електронски компоненти пред стартот на првата трка во Бахреин, а вторпат сега по доаѓањето во Џеда каде што ќе се вози втората трка во сезоната.

Казната на Леклер е затоа што правилата на Формула 1 дозволуваат само една замена на иститите компоненети во текот на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот