Лекарите велат: Постојат 3 места на телото кои мора да ги миете со сапун секој ден

туширање
Фото: Unsplash

Според експертите, можно е сите премногу често да се миеме.

Откако започна пандемијата на коронавирусот, слушаме дека мора да внимаваме на хигиената и редовно да ги миеме рацете за да се заштитиме себеси и другите од вирусот. Ова е секако точно, но може да ве наведе да помислите дека треба темелно да го миете целото тело секој ден.

Но, тоа не мора да биде така. Всушност, прекумерното туширање или капење може да донесе само проблеми, а не олеснување. Според зборовите на лекарите, само три дела од телото треба секој ден да миете со сапун: пазувите, препоните и стапалата.

Остатокот од телото? Само измијте го со вода. Сенди Скотнички, доктор и професор по дерматологија на Универзитетот во Торонто, уште минатата година објасни дека чистењето на целото тело со сапун и вода може да доведе до проблеми со кожата, како што се настанување егзема и други состојби. Наместо ревносно да го миете целото тело, фокусирајте се на деловите кои треба темелно да се измијат. Ако го миете целото тело со сапун, можете да ги уништите сите корисни бактерии што се наоѓаат на кожата, додала д-р Робин Чуткан, основачка на Центарот за жени во Мериленд.

На деловите од телото им требаат одредени бактерии, наведува таа, а кога ги миеме со сапун се намалува отпорноста на одредени вируси, што ве доведува во ситуација во која можете да се разболите.

„Освен ако не сте завршиле во некоја кал, единствените места на кои навистина им треба темелно чистење во текот на денот се вашите пазуви и препоните. Останатите делови од вашето тело треба само да се исплакнат, па дури и ако штотуку сте дошле од тренинг“, додава докторката.

Едно истражување од 2018 година покажа дека луѓето кои ги немаат споменатите бактерии на кожата се во ризичната група за развој на некои болест.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот