Лејкерси по секоја цена сакаат да донесат уште една ѕвезда, сега преговараат со Сакраменто

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Само што заврши сезоната во НБА лигата во која Милвоки бакс ја освои шампионската титула, сега во прв план избиваат размените како и претстојниот драфт кој е закажан за 29. јули.
Една од најактивните екипи на трансфер пазарот се очекува да биде ЛА Лејкерс чија управа прави се за да ја засили екипата и да не им се повтори штотуку завршената сезона каде загубија уште во првото коло од плеј-офот.

Целта на управата на Лејкерси е да донесат елитен плејмејкер, веќе се поврзуваа со евентуалните размени во кои би ги донеле Демиен Лилард, Расел Вестбрук или Крис Пол, а вечерва уште едно име се поврзува со „езерцата“.

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Според новинарот на Атлетик, Шемс Чаранија, Лејкерси сакаат размена со Сакраменто кингс.
Лејкерси во Сакраменто се подготвени да го испратат Кајл Кузма доколку во обратна насока пристигне Бади Хилд.

Кајл Кузма пред четири години како 27 избор на драфтот пристигна во ЛА Лејкерс, но досега не ги оправда очекувањата и поради тоа генералниот менаџер Роб Пелинка сака да го размени за елитен плејмејкер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот