Легендата на Јуве без дилеми, Недвед откри што ќе биде со Роналдо и Пирло!

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Фудбалскиот клуб Јувентус можеби ја игра најлошата сезона во последните 10 години..

„Старата дама“ беше изненадувачки елиминирана во Лигата на шампионите уште во осминафиналето (од Порто) и веројатно е дека за првпат од 2012 година нема да ја освои титулата во Серија А.

Фановите на оваа екипа не се среќни, а италијанските медиуми ги посочуваат Кристијано Роналдо и тренерот Андреа Пирло како главни виновници.

Дел од италијанските медиуми веќе шпекулираат за нивно заминување од клубот, но легендата на Јуве и еден од водечките луѓе во клубот, Павел Недвед, тврди дека тоа не е опција.

– Кристијано Роналдо ќе остане во Јувентус. Тој е недопирлив. Исто така, Андреа Пирло ќе биде наш тренер следната сезона – рече Недвед за „ДАЗН“.

„Марка“: Доколку го повикаат, Роналдо би се вратил во Реал!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот