„Марка“: Доколку го повикаат, Роналдо би се вратил во Реал!

Роналдо би можел наскоро да се врати во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Главна тема во шпанските медиуми последните денови е потенцијалното враќање на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид по три години поминати во италијански Јувентус.

Во својот најнов број, шпанскиот весник „Марка“ се повикува на свои извори блиски до Португалецот и пишува дека тој би се вратил во шпанската престолнина, во случај „кралскиот клуб“ да биде заинтересиран за него.

– Роналдо е убеден дека сепак може многу да придонесе во успесите на Реал – пишува „Марка“.

Одличниот голгетер оваа сезона постигна 30 погодоци на 34 натпревари, а во претходната имаше 28 погодоци на 43 мечеви.

Главната амбиција на Роналдо да дојде во Торино беше освојување на трофејот во Лигата на шампионите, но тоа досега не му успеа, оваа сезона „Старата дама“ под водство на Андреа Пирло беше елиминирана од Порто.

36-годишниот Португалец играше за Реал од 2009 до 2018 година, а на 438 официјални натпревари за „кралскиот“ клуб постигна неверојатни 450 голови.

Бекам убеден дека Меси и Роналдо ќе играат заедно во неговиот клуб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот